Општина Карбинци во 2022 година има рекордно највисок процент на реализација на приходите, тврди градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
„ Реализацијата е 87,9% од предвидените средства.Тоа е најголем процент од 2013 година до сега. Парите од граѓаните ќе се инвестираат токму кај граѓаните за потребите на населените места,“ вели Паунов
Во 2022 година општината и советот немаат трошоци за репрезентации, службени патувања како и службени телефони. Карбинци е ликвидна општина која секогаш навремено ги извршува обврските, а програмите и целите и понатаму ќе бидат во фокусот на реализација,“ вели градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.