Она што беше најавено, во име на голема градежна офанзива веќе и се реализира, вели градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

„Периодот кој ќе следи ќе има голема градежна офанзива каде во повеќе населени места ќе се асфалтираат улици (во селата Радање, Козјак, Долни Балван, Карбинци), ќе се градат тротоари, ќе се реконструираат спортски терени и детски игралишта,“вели Паунов.

Она што непосредно престои е реконструкција на подрачното училиште во село Таринци а ќе се уредува и каналот ,,Герен” во Долни Балван со партерно уредување на сред село.