Годинава ја сменивме сликата за Штип и покажавме како треба да изгледа општина отворена за граѓаните и да одговара на реалните потреби на сограѓаните, вели штипскиот градоначалник Јорданов.

Во 2022 тој вели дека било уредено градежно земјиште во висина од 62 милиони денари, 15 милиони биле вложени во водовод и канализација, а 43 милиони денари за реконструкција на локални патишта и улици.

Јорданов најавува капитални проекти за оваа година.