Најголемата штипска населба Баби ќе добие современ парк. Во рамки на веќе постоечкиот, ќе се постават нови детски и спортски реквизити, урбана опрема и летниковци.

– Градежните активности ќе се одвиваат во наредните неколку месеци со цел на пролет овој парк да го користат жителите од населбата. Вкупната инвестиција изнесува 4,5 милиони денари. Општината го работи заедно со Бирото за регионален развој, рече градоначалникот Јорданов кој беше на увид во градежните работи.

Постоечкиот спортско-рекреативен центар во оваа населба инаку свечено беше отворен пролетва, а беше направено спортско игралиште со тартан подлога, хортикултурно уреден простор и спортски и детски реквизити.