Во првото издание на Неделниот бриф за оваа календарска година:

-Кога нема заинтересирани компании да вршат јавен превоз во Штип, тогаш може и вака – Општината почна со додавање на нова дејност на ЈП „Стипион“, кое ќе го врши јавниот превоз, а општината на лизинг ќе набави шест автобуси.  Дали ова ќе биде успешна формула, за граѓаните на Штип конечно ги уживаат придобивките на секој развиен град?
-Секојдневно се пустошат шумите во струмичкиот регион. Не помагаат ниту изречените санкции во време на силна енергетски криза, а огревното дрво станува доминантен енергенс. Локалниот совет за превенција побара координирана акција од надлежните институции.
-Во Новата година приоритет за граѓаните на Општината Карбинци е подобрувањето на инфраструктурата и приклучувањето на ХС Злетовица и добивање на квалитетна вода за пиење.
-Продолжува замената на уличните светилки со Лед во Делчево. До сега заменети над 1200 светилки, што ги олесна сметките за потрошена електрична енергија.