Покана до граѓаните и бизнис секторот упати Општина Карбинци со цел заедничко креирање на буџетот за идната година.

Тие ќе можат да учествуваат во формирањето на буџетот, слободно да ги поднесуваат своите предлози и идеи на анкетата која што е објавена и достапна и на официјалната страна на општината.

Средбата ќе се одржи денеска со почеток во 18 часот во салата за состаноци во општинската зграда. Можност за отворена дискусија и заедничко креирање на потребите на граѓаните и бизнис секторот.

„Секој предлог е добредојден. На состанокот ќе присуствуваат и претставници од месните заедници како и советниците од советот на Општина Карбинци. Отворена покана упатувам и до бизнис секторот и сите стопанственици. Транспарентно да го формираме буџетот во интерес на Вас жителите и населените места,“ напиша градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов во објавата.