Штипската населба Осми ноември доби повеќенаменско игралиште

Целосно е завршено повеќенаменското игралиште во населбата Осми ноември во Штип. Граѓаните од оваа населба сега на располагање имаат терен со вештачка трева за мал фудбал, терен со тартан подлога за баскет, детски реквизити и летниковец.

Градоначалникот Јорданов информираше дека се инвестирани повеќе од 1,5 милиони денари од буџетот на општината и апелираше граѓаните да се грижат за него.