Само еден месец откако беа поставени, искршени се клупите, детските и спортските реквизити во новиот парк во штипската населба Сењак 4.
Градоначалникот Јорданов вели дека за жал ова не е поединечен акт, туку ситуацијата се повторува во неколку штипски населби.

– Апелирам до нашите сограѓани за поголема совест и свест за да содржините останат и долготрајно да бидат користени, да се чуваат сите содржини и реквизити, паркови коишто ги оставаме на нашите сограѓани. Мора заеднички да работиме да подигање на свеста кај луѓето затоа што пред сѐ тоа се нивни пари кои се инвестираат и се враќаат назад. Доколку ги чуваме овие содржини кои се изградени, паркови, реквизити ќе може да ги користеме со години, вели Јорданов.

Граѓаните кои живеат во околните станбени згради велат дека вандализмот е дело на помладите граѓани, кои како што велат, во вечерните часови ги уништуваат реквизитите без причина.