Заврши реконструкцијата на водоводната и канализациска мрежа на три улици во штипската населба Автокоманда, по што од денеска ќе се работи на асфалтирање на улиците „Солидарност“, „Браќа Даневи“ и „5 Конгрес“.

Штипскиот градоначалник Јорданов рече дека очекува до крајот на градежната сезона комплетно да се заврши реконструкцијата на овие улици.

– Првпат се случува во Штип етапно да се променува целата водоводна и канализациска мрежа во цела населба, за што имавме потреба од подолг временски период за промена на оваа застарена мрежа. Веќе се завршени работите во промената на подземната инсталација веќе се започнува со ископ, со нанесување на тампон и со трасирање на сите три улици и се надевам дека во наредните недели ќе успееме и со третирање на тротоарските површини да се постави првиот асфалтен сло, вели Јорданов.

Промената на водоводната и канализациска мрежа во населба Автокоманда е проект вреден шест милиони денари, пари издвоени од Буџетот на Општина Штип, додека  проектот за реконструкција на улиците е вреден 25 милиони денари, пари обезбедени од  Светска банка преку Министерството за транспорт и врски.