Реконструкција во Зона Север во Струмица

Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата бр.1 влез во зона Север од Минка до Би Милк. За овој зафат од општинскиот буџет се издвоени 2,7 милиони денари.

-Го слушаме бизнис секторот! Струмица знае, Струмица може и во време на криза да се развива и да обезбедува услови за бизнис секторот, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов.

Од активностите во општината издвојуваме викенд – генералка, акција за чистење на градот. Во текот на големата акција, која беше 20-тата генералка,  ЈП „Комуналец“ собра 144 кубни метри отпад.

Од општината упатија апел до граѓаните за  одговорно однесување кон парковите, зелените површини, тротоарите.

Како што најавуваат, ваквите генералки продолжуваат и во иднина.