Простор за згрижување на уште педесетина дечиња, ќе добие детската градинка „Kокичиња“ во Општина Карбинци.
„Официјално е одобрен проектот за доградба од страната на Министерството за Труд и Социјална политика со капацитет од плус 50 деца во вредност од 14.700.000 денари. Сите постапки кои беа обврска на Општина Карбинци се завршени,“информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
Во следниот период, додава, ќе започне и постапката за објава на јавната набавка со што ќе избере изведувач и надзор.
„Со оваа доградба ќе добиеме нови занимални со дополнителни содржини, а чекањето за упис на дечиња ќе стане минато,“ вели Паунов.