Модерен, мултифункционален спортски комплекс со содржини за сите генерации синоќа беше пуштен во употреба во штипската населба Дузлак. Ова е дел од проектот на општината, со кој секоја населба ќе добие катче каде граѓаните ќе може да се рекреираат, но и да го поминуваат своето слободно време.

– Во изминатите месеци работевме овде со цел местото да ја добие посакуваната содржина. Направивме три функционални игралишта за баскет со специјализирана тартан подлога, игралиште за мал фудбал со вештачка трева и игралиште за одбојка. Имаме поставено и детски реквизити за најмалите, а комплексот е целосно ограден и осветлен. Дополнително го уредивме и паркот кој не беше одржуван, вели градоначалникот Јорданов.

Инвестицијата е од буџетот на општината во висина од 3,5 милиони денари.