Ќе се конзервира Беговата Кула во село Таринци, Општина Карбинци. Како што информира градоначалникот Виктор Паунов станува збор за значаен културен објект, кој треба да добие посебен третман. Во тек било изработка на проект што треба да опфати нејзино реновирање и внесување во регистарот на знаменитости.

„ Од наш интерес е да го средиме тоа место. Да го конзервираме како споменик, како историско обележје, а од друга страна да го спречиме од распаѓање. Проектот е во фаза на изработка. Општината во соработка со заводот Музеј ќе се обиде овој објект да се заштити, “ информира градоначалникот Паунов.