Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за мерење на степенот на активна транспарентност на државните институции за 2022 година, Општина Конче се наоѓа на 21 позиција од вкупно 98 рангирани институции.

Транспарентноста на Општина Конче изнесува 89,9% (од можни 100), со што општината се наоѓа во групата институции со многу добра активна транспарентност(исполнување на обврските од 80% до 100%).


Високата позиционираност на ранг листата за активна транспарентност на општините за 2022 година, е вистински показател за начинот како ние ја замислуваме нашата општина.Со максимална посветеност ќе продолжиме со активностите со цел да им ги приближиме на граѓаните сите европски вредности.

Во рамките на Југоисточниот регион, Општина Конче се наоѓа на четвртото место.