Жителите од селото Ѓуземелци , Општина Лозово конечно ќе добијат канализација. Општина Лозово го објави тендерот за избор на фирма којашто ќе ја реализира изградбата на канализациска мрежа во рамките на проектот ,,Изградба на фекална канализација во с. Ѓуземелци прва фаза.

„Изградбата на фекална канализација за отпадни води во с. Ѓуземелци се предвидува да се гради во две фази. Предмет на оваа јавна набавка е реализација на прва фаза и се однесува на изградба на дел од фекална канализацика мрежа односно изградба на колектор К0 и краците К1, К2, К3, К6 и К7 со вкупната должина од 1.242,35 м. Исто така ќе се изврши градба на анаеробна пречистителна станица за отпадни води за 100 Еквивалент жители,“ информира градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Европска инвестициска банка а дел и  од општинскиот буџет.