По барање на градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски на редовната седница на Советот на Вардарскиот плански регион се разговарало за изнаоѓање решение за доизградба на патот кој што ги поврзува двете општини Лозово и Свети Николе.

„ На седницата под точка разно, од моја страна детално беше елаборирана потребата од дозавршување на патот Ѓуземелци-Кнежје кој ги поврзува Општина Лозово и Општина Свети Николе.На мое огромно задоволство добив поддршка од претседателот и сите членови на Советот на Центарот за развој на Вардарски Плански регион. Разговаравме за конкретни решенија по истиот проблем. За овој пат кој ги поврзува нашите општини, за наредната година ќе бидат обезбедени финансиските средства за реализација преку Центарот за Развој на Вардарски Плански Регион,“ информира градоначалникот Бошко Цветковски.

На одржаната редовна седница на Советот на Вардарски Плански регион, на која присуствуваа градоначалниците на сите општини и досегашната в.д директорка Татјана Темелковска, едногласно за директор на Центарот за развој на Вардарско Планскиот регион со мандат од четири години беше именуван Сашо Мошев.