Во Штип утре во периодот, од пет часот наутро до 07:30, ќе се изврши второ авионско  прскање против комарци преку овластена фирма, информираат во писменото соопштение од Општина Штип.

-На ден 21.7.2022 година, Општина Штип ќе спроведе авионска дезинсекција со цел уништување на возрасните комарци. Со третирањето ќе биде опфатено централното и приградското подрачје, како и течението на река Брегалница и река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на општина Штип со површина до 850 хектари. Третирањето ќе се изврши со соодветен препарат, велат од општината.

Во случај на неповолни временски услови, како ветер, дожд и сл., дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Од општината ги известуваат и пчеларите навремено да ги преземат мерките за заштита на пчелите, а сите граѓани за повеќе информации може да се обратат на телефонот за контакт во Општината.

Ова е второ авионско прскање на територија на општина Штип за оваа година, а претходно се спроведоа четири тереистички дезинсекции.