Костадинов потпиша Договор за изградба на првиот булеварски мост во историјата на Струмица

Мостот на река Водочница е прв булеварски мост кој ќе биде изграден во историјата на Струмица, вреден 30 милиони денари. Денеска  градоначалникот Костадин Костадинов го потпиша договорот за најголемиот капитален проект во Општина Струмица, којшто е клучен за развој на долниот дел на градот. Средствата за овој капитален објект се обезбедени исклучиво од буџетот на општина Струмица.

-Реализираме клучно, стратешко изборно ветување уште во првата година од мандатот. Ова значи почеток на реализација на нов булевар „Братство и единство“! Најавувам уште многу големи капитални инвестиции! Нека ни е со среќа прогресивна Струмицо. Мостот обединување нека биде почеток на народното обединување во Струмица, рече во оваа пригода, Костадинов.