Садници, летниковци и детски реквизити се дел од новиот парк во населбата Сењак кој е во завршна фаза. Изграден е со средства од ЈП Исар, а во иднина се очекува секоја штипска населба да добие паркова површина.

– Согласно програмата инвестиравме околу еден милон денари за оваа паркова површина. Поставени се детски реквизити, клупи, садници и изградивме летниковци, а тука е поставен и монтажниот тоалет, рече директорот на ЈП Исар.

Градоначалникот кој денеска беше на лице место рече дека паркот ќе ги анимира сите, од највозрасни до најмлади граѓани. Тој упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон поставените реквизити, бидејќи како што вели, се е направено со пари од граѓаните.