Продолжува летната акција за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во Гевгелија

Интензивно се одвиваат градежните работи во населените места од општина Гевгелија, а во рамките на летната акција за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година. Во тек се градежни активности за изградба и реконструкција на улици и краци. Имено, бетонирана е улица во Петрово, доизградена е улица во Смоквица, а во Миравци бетонирани се повеќе улични краци и тоа на: „Кирил Танев“, „Климент Охридски“, „Ѓорѓи Митров“ и „Партизанска“.
При увидот во градежните работи, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, рече дека целта на реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција и рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици е решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните и подобрување на квалитетот на нивното живеење.

Општина Гевгелија продолжува со понатаму решавање на секојдневните проблеми на граѓаните.