Старата спортска сала, објект кој во селото Долни Балван со години претставуваше опасност за жителите од оваа населено место почна да се руши.

„ Ова се прави за безбедноста на жителите и сигурноста на децата,“ вели градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

Сретствата за оваа активност беа обезбедени од општинскиот буџет.

„Рушењето на објектот согласно сите регулативи, сите потребни документации, со изработката на проектот, на елаборатот и тендерската постапка, со сите потребни документи чини околу 800 илјади денари,“ додаде Паунов.

Дополнително ќе се одлучува за што ќе биде искористен овој простор.