Во Општина Конче во рамките на одбележувањето на денот на општина, 12 јули (Петровден), и оваа година нема да изостане традиционалниот турнир по мал фудбал.

Пријавувањето за учество на турнирот кое по екипа изнесува 4000 денари е до 27 јуни. Најдобрите четири екипи ќе добијат парични награди, за прво место-150.000 денари, за второ-80.000 денари, за трето -40.000 денари и за четврто-10.000 денари. Ќе се изберат и најдобриот играч, голман и стрелец.

За екипите со учесници до 12 години, нема да се наплаќа за учество. Обезбедени се награди и за нив, за прво место-6000 денари, за второ-4000 денари и за трето-2000 денари.

Покрај турнирот по мал фудбал, во рамките на одбележувањето на денот на општината, предвидени се и други содржини- настап на културно-уметничко друштво, настап на реномирани пејачи и групи, натпревар во подготовка на традиционална храна од Конечкото поднебје, како и натпревар по борење за пионери (слободен стил).