Оро весело се виеше изминатиот викенд во Општина Конче. Главни актери беа најмалите, децата кои во ритамот на прекрасниот фолклор презентиран од многу Фолклорни Групи од повеќе градови и села од Македонија, ги претставија своите вештини и своите весели насмевки на жителите на Општина Конче.

„Иако подиумот беше мал, желбата и љубовта кон фолклорот беше преголема, да се претстави тоа што се знае,“ изјави градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов.

Во саботата во Радовиш, во неделата во Конче се одржа дваесет и вториот по ред Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“ во организација на Фолклорниот ансамбл „Бучим“.

Свој настап имаа  гости од Република Бугарија како и учесниците од : Скопје, Гевгелија, Неготино, Оризари, Кочани и Струмица.