Во штипската населба Балканска започна да се реализира проектот „Штип без кал“,  со кој од есенва, општината има за цел да ги асфалтира сите улици во пригратските населби.
Градоначалникот Јорданов вели во Штип веќе нема да има улици потонати во кал и прашина.

– Започнуваме со нанесување на земјени насипи за трасирање на улиците кои во следната фаза ќе бидат асфалтирани. Целосното асфалтирање на сите улици во населбата е во вредност од шест милиони денари, пари од буџетот на општината, вели Јорданов.

Со проектот ќе бидат асфалтирани и улиците во Караорман, Железничка и Чардаклија.