Општина Штип информира дека во среда наутро ќе спроведе тереистичка дезинсекција против комарци, а во петок, пак, ќе врши авионска дезинсекција со цел уништување на комарците.

– Тереистичката дезинсекција на 15 јуни (среда), општината ќе ја спроведе преку овластена фирма, а запрашувањето ќе се врши во периодот од еден часот по полноќ до седум наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување, информираат од општината.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Третирањето ќе се изведува со препаратот KULFAK 50 EC со активна супстанца cyano(4-fluoro-3-phenoxyphenyl)methyl)-2-(2pyrldyloxy)propil и со ларвицидниот препарат BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-Trimethyl или OXYMOS 20 EС со активна материја 4-phenoxyphenyl(RS)-2-(2pyrldyloxy)propel .

– Авионската дезинсекција на 17 јуни (петок) со цел уништување на возрасните комарци, општината ќе ја спроведе преку овластена фирма во периодот од пет часот наутро до 7:30, информираат од општината.

Со третирањето ќе биде опфатено централното и приградско подрачје, како и течението на река Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на општина Штип со површина до 850 хектари.

Третирањето ќе се изведува со препаратот  KULFAK 50 EC со активна супстанца cyano(4-fluoro-3-phenoxyphenyl)methyl)-2-(2pyrldyloxy)propil.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) авионската и тереистичката дезинсекција се одложуваат за следниот поволен ден. Од општината ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22