Струмица доби градоначалничка ама на еден ден

Не градоначалник, туку млада 18-годидишна градоначалничка ќе ја дови Струмица во текот денешниот ден. Градоначалникот Костадин Костадинов и’ ја отстапи својата градоначалничка фотеља на 18-годишната Ана Марија Јованова започнувајќи го проектот „Градоначалник на еден ден“. Јованова е првата млада струмичанка, која седнува во градоначалничката фотеља овој понеделник, во рамките на проектот со Europe House Strumica. Цел на проектот цел е младите да бидат активно вклучени во локалните политики. Во рамките на овој проект, секој прв понеделник,  градоначалник на еден ден ќе биде по еден млад жител на Општина Струмица.

-Со Ана Марија денеска заедно ќе ги реализираме сите мои планирани активности во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам и сите нејзини предлози и забелешки, рече градоначалникот Костадинов по „предавањето на функцијата“ на Јованова и додаде:

-Никогаш не сум кажал дека се знам и дека моите идеи се најдобри. Но, сум кажал дека мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за сите граѓани, за нивните предлози и сугестии за подобра Струмица. Првото добро утро и добредојде во мојот кабинет и го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование во СОУ „Димитар Влахов“. Ана Марија денеска ќе биде Градоначалник на еден ден на општина Струмица, проект кој што го реализираме заедно со Europe House Strumica чија цел е младите да бидат активно вклучени во локалните политики, што впрочем е и моја цел.