Со асфалтирање на улиците кои претставуваа проблем за граѓаните, Општина Штип ја продолжува градежната офанзива.

Во населбата Пребег беа асфалтирани улиците Ристо Стојков и Баница.

– Асфалтирањето на овие улици  со површина од 1600м2, се финансирани од буџетот на општина Штип, во износ од 891.700 денари, велат од општината.

Дополнително асфалтиран е и тротоарот на ул. Васко Караѓеловски (покрај Макпромет), кој исто така е финансиран од буџетот на општината и за површина од 900м2, ќе бидат потрошени 561.437 денари.

Дополнително ул.Цвета Јованова доби нов крак и поврзување со ул.Плачковички одред.