Нова инфраструктура за светиниколско Мустафино

Изминатата недела Општина Свети Николе парафираше уште еден договор за унапредување на животот во населеното место Мустафино.

Станува збор за Договорот за изградба на фекална канализација ( втора фаза ) во село Мустафино.

-Вкупната вредност на оваа фаза изнесува  6 454 273 денари од кои 3 000 000 денари се од Министерството за животна средина, додека  близу 3,5 милиони денари се обезбедени од општина Свети Николе, соопшти градоначалникот Дејан Владев.

Како што е најавено од Општината, по спроведувањето на сите формалности кои произлегуваат со потпишаниот договор , ќе биде реализирана тендерска постапка за отпочнување со реализација на овој проект.