Започнаа градежните активност за патно поврзување на општините Лозово и Свети Николе.

преку изградба на Патна инфраструктура до туристички локалитети ,археолошки локалитет “Била Зора”-с.Кнежје и Црква „Св. Ѓорѓи“ -с.Ѓуземелци

Активностите стартуваа  со реконструира локалниот пат Ѓуземелци – Кнежје.

„Рокот за реализација на овој проект е шест месеци. Преку изградбата на овој пат, решаваме едно од основните барања на жителите од селата Ѓуземелци, Милино и Кнежје, со единствена цел-поврзување на нашите општини. Граѓаните од овие населени места заслужуваат асфалтиран и нормален пат, а позитивните ефекти од истиот допрва ќе дојдат до израз. Комуникацијата ќе биде многу подобра, безбедноста во сообраќајот, многу поголема, можноста за оштетување на возилата, сведена на минимум,“ порача на официјалниот ФБ градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.

Новиот пат, вели Цветковски, ќе значи нови можности за развој и заживување на селата, развој на земјоделството и сточарството, враќање на младите и подобрување на условите за живот во руралните делови.

фото-фб-градоначалник Лозово