Изминатата недела во Општина Конче помина во знакот на превенцијата од пожари.

Во просториите на Општината се одржа теоретски дел од обука за пожари на отворен простор од страна на Центар за обука при Дирекција за заштита и спасување, наменета на членовите на Доброволното противпожарно друштво „Горица Оператива“ кое што функционира во оваа општина.

Пред десетина дена од страна на ЦУК беа донирани и повеќе средства за справување со шумски пожари наменети за Доброволното противпожарно друштво.