Струмица – зелен град

Струмица – зелен град е мотото на сите еколошки активности, каде еден сегмент беше овонеделната еколошка акција со засадување на дрвца во малиот парк на Телеком.

Засадувањето на дрвцата го организираше Царинската управа, а во рамките на одбележувањето на јубилејот – 30 години од основањето како независна служба.

Во акцијата се вклучија градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски и советниците.

-Со посебно задоволство ја поддржав акцијата за засадување дрвца од Царинската управа и им благодарам што една од нивните планирани локации е токму нашата Струмица, односно, малиот парк на Телеком. Едно дрвце повеќе, почист воздух за сите, напиша Костадинов.

Градоначалникот Костадинов потенцираше дека и како градоначалник и како општина редовно ги поддржуваат сите акции кои водат кон постигнување  на целата – зелена и чиста Струмица.