Судот ќе решава за недоградените трибини на градскиот стадион во Свети Николе

Општината Свети Николе го доби нарачаното вештачење за изведените работи на трибините на градскиот стадион, по што е покрената судска постапка. Наодите на вештакот утврдил дека кои е предизвикана материјална штета во износ од 350 450 денари или 5698 евра, односно една третина од вкупниот износ од 920 260 денари кои биле исплатени на изведувачот .

Ова го соопшти градоначалникот Дејан Владев, кој вели дека и покрај потрошените пари,  состојбата на трибините е видлива за секој граѓанин.

-Изградбата на трибините на градскиот стадион било направено од изведувач-фирма, но состојбата на бетонските трибини е на незавидно ниво по самата изградба за што е сведок целокупната јавност, соопшти Владев.