Новата локална власт во Македонска Каменица реши околу 200 барања на граѓаните

Инфраструктурните проекти, предложени од граѓаните на Општината Македонска Каменица остануваат приоритет на локалната власт. За таа цел, во овој период од неколку месеци, решение се околу 200 граѓански барања.

-Продолжуваме со решавање на проблемите на жителите од нашата Општина. Во село Саса, прочистивме пристапен пат во маала Требеш и дел од пат кон маала Букоравенци. Ќе продолжиме во сашката маала Груовци, во село Моштица и Тодоровци, соопшти градоначалникот Димчо Атанасовски.

Веќе кон средината на април ќе продолжат активностите во останатите рурални средини.

Во делот на инфраструктурата, во текот на изминатите недели се работеше на повеќе локации, улицата „Церска“ во Македонска Каменица и маала Албанци во село Тодоровци каде се работеше на асфалтирање.

Очекувањата се дека заклучно со месец јуни ќе бидат финализирани повеќе од триесет проектни активности кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во сите урбани и рурални средини.