Општина Крушево и оваа 2022-ра година ќе биде дел од т.н. Генералка викенд во кој на 6-ти мај ќе се собира отпад од страна на волонтери.

„Продолжуваме со серијата акции за чистење и драго ни’ е што сме дел од Генералка викенд во кој заедно со уште десетина општини организираме активности. Лани собравме големи количини на отпад, а крушевчани покажаа волја и спремност нивниот град да биде зелен град. Така очекувам да биде и годинава“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Минатата година во акцијата учествуваа 58 учесници и се собраа следните количини на отпад:

Хартија – 10 кг.
Пластика – 30 кг.
Друг отпад – 20 кг.

Акцијата во 2021 година се одржа на 7-ми мај.