Се интензивира процесот на легализација .Во Општина Карбинци за три месеци решени се  50-тина предмети а како резултат на тоа , во општинскиот буџет се инкасирани околу  300.000 денари, вели градоначалникот Виктор Паунов.

„Го интензивиравме овој процес со тоа што прво формиравме комисија за легализација, комисија којашто ја немаше во изминатиот период. Така во овие три месеци од застарените предмети, решивме над 50-тина со што се здобивме со приход од околу 300.000 денари. Она што претстои во идниот период е да продолжиме со истиот интензитет, да се завршуваат предметите  кои се доставувани согласно роковите коишто беа во минатото и согласно доставената документација, “ образложи Паунов.