Свети Николе го слави празникот Тодорица

Општина Свети Николе утре, сабота (12.03) е домаќин на фолклорни ансамбли од Македонија и регионот, во рамките на програмата за празникот Тодорица. Настапите на фолклористите започнат претпладнето во 10 часот, а  во рамките на богата културна-уметничка програма предвидени се и концерт на музички групи од градот,  додека во 14 часот е закажан концертот на групата ДНК.

Вообичаено на Тодорица се одржува и традиционалниот панаѓур. Целата програма се одржува на отворено на градскиот плоштад пред светиниколчани и нивните гости.