Општината Македонска Каменица им даде рок на сопствениците да ги отстранат хаварисаните возила

Најдоцна до 01.05.2022 година, сите сопственици на искористени и хаварисани возила се должни сами да ги дислоцираат истите, соопшти Општината Македонска Каменица. По изминувањето на овој рок, надлежните органи ќе ги преземат сите расположливи дејствија, вклучително и изрекување на прекршочни санкции. Овој тип на отпад претставува целосна спротивност и прекршување на Законот за управување со отпадот, имајќи предвид дека истиот не само што го нагрдува просторот во урбаните зони, туку и претставува директна опасност за животната средина и околината.

Во периодот кој следува, ќе се вршат поинтензивни и редовни контроли за ваков вид на отпад кој се наоѓа на подрачјето на Општина Македонска Каменица.

Оваа активност е во координација со Јавното претпријатие „Камена Река“ со кое ја спроведуваат  акцијата „Град со нула отпад“. Покрај отстранување на хаварисаните возила, се работи и на активности за расчистување на отпадот.