Утрово расчистувањето на снегот продолжува кон населените места Пуста Река и Горно Дивјаци, а во градот „Комуна“ продолжува со работа на пристапни патеки и расчистување на снегот во центарот.

„По вчерашното детектирање на состојбата кон горноселието утрово ќе работиме кон Пуста Река и Горно Дивјаци. Истовремено, сме активни во градот. По вчерашното интензивно чистење до раните утрински часови, денес работиме на пристапни патеки и рачно чистење во центарот на Крушево.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

„Комуна“ повторно апелира граѓаните да ги ослободуваат улиците од своите возила за поголема ефикасност во работата. Доколку на улиците има паркирани возила службите не можат да го расчистат патот и да оспособат ефикасна проодност.