Во организација на општина Штип и Комисијата за спорт беа доделени признанија на најдобрите и најистакнати спортисти.
Признанија добија голем број на пионири, кадети, младинци, сениори, тренери и спортски работници кои несебично го вложуваат целиот свој труд во спортот и во неговото издигнување на највисоко ниво.

За спортист на годината на град Штип е избран Емил Павлов, кој е двократен европски првак, а во 2021 година го оствари и неговиот најголем успех во карате освојувајќи го сребрениот медал на Светско првенство во Дубаи.
За прв пат се додели признанието Спортски амбасадор кое го доби Бобан Николов, како штипски спортист кој за прв пат во историјата на македонскиот фудбал учествуваше на Европско првенство.
Градоначалникот на Општина Штип лично ги додели овие две признанија за кои е посебно горд при што истакна дека негувањето на спортот е повеќе од начин на живот, дека спортот треба да се негува и гради уште од најрани години.
Тој истакна дека посебно се гордее што град Штип и Република Македонија ги вреднува и величи ваквите талентирани спортисти.