Свети Николе со два потпишани договори за инфраструктурни проекти

Во оваа година Општината Свети Николе влезе со потпишани два значајни договори за инфраструктури и капитални проекти, што се очекува да се реализираат во тековната 2022 година.
Започнува со изградба на детска градинка во село Ерџелија, што ќе биде и првата градинка во оваа општина во рурална средина. Потпишан е договорот со Министерството за труд и социјална политика и изведувачот „Бауер“ ДОО Скопје ,за отпочнување на изградбата на детската градинка за време од 14 месеци.
Вториот договор беше потпишан со Вардарскиот плански регион за изградба на пат од селата Кнежје до Ѓузумелци, Општина Лозово , како и набавка на ново противпожарно возило за потребите на ТППЕ Свети Николе кои ќе се реализираат 2022 год.