Граѓаните и оваа година сами го креираа буџетот на Општина Дојран за 2022 година. Меѓу приоритетите кои произлегоа од потребите на жителите во сите населени места се подобрување на патната инфраструктура.

„По спроведениот анкетен прашалник за формирање на Буџетот, го насочуваме нашиот фокус кон подобрување на патната инфраструктура. Со финансиски средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку ,,Проект за поврзување на локални патишта” ќе се реконструираат главните улици во с.Николиќ,с.Црничани и с.Фурка, чија имплементација ќе започне во вториот квартал на 2022 година., “вели градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

Оваа година Општина Дојран во својот Буџет издвои 8.400.000 денари за дополнителна изградба и реконструкција на останатите улици во Општина Дојран.