Идејата станува реалност. Крушево ќе добие спомен соба, посветена на познатиот македонски драматург, есеист и автор на „Бегалка“, Васил Иљоски.

„Општина Крушево во соработка со Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ и неколку здруженија започнаа со уредување на спомен собата на Васил Иљоски која се наоѓа во горната училишна зграда „Никола Карев“, информираат од општината.

Собата содржи лични предмети на авторот кои се донирани од страна на семејството Иљоски. Целта на оспособувањето на оваа соба е да се зачува културното наследство и да се промовираат делата на овој познат автор со потекло од Крушево.