Полицаецот Станојковиќ и пожарникарот Наковски прогласени за најдобри за 2021 година во Куманово

Во пресрет на празниците Општина Куманово ги прогласи најдобрите полицаец и пожарникар и за 2021 година. За најдобар полицаец е прогласен Далибор Станојковиќ, полициски службеник со 17- годишно искуство во Полициска станица од општа надлежност – СВР Куманово. За најдобар од Територијална противпожарна единица Куманово е  прогласен Игњат Наковски, пожарникар – спасител. Наградите ги врачи градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој им се заблагодари за професионалноста во извршувањето на должноста, посака да продолжат да работат со истиот елан и да имаат што помалку работни обврски, работејќи во служба на граѓаните.