Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера одржа брифинг со новинарите при што таа акцентот го стави на големото задолжување на градот, пред се на проекти кои биле ветени, но не реалирани. Почнувајќи со продажбата на градската куќа која реално чинела 20 илјади евра, а била продадена за 12 илијади ервра и кои пари не се знае на што биле потрошени.

„Човекот кој што беше шеф на кабинет на претходниот градоначалник, кој се дрзнува да зборува против местото од каде си ја довива платата, а добива плата од граѓаните, и при тоа си зема одмор, боледување и не доаѓа во Градот Скопје каде граѓаните му дале доверба заедно со претходниот градоначалник, да си даде отчет и да ја примопредаде функцијата. Парите за кафаните кои што ги правеле за илјадници евра, каде и зошто се потрошени, што е она што тука го направил, вклучувајќи и неколку злоупотреби кои што ги имаме детектирано, да даде одговор“, вели Арсовска и додава дека биле потрошени 65 илијади евра за изработка на веб страна.

На брифингот таа исткна дека во завршна фаза се проектите кои биле ветени дека ќе се реализираат во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Акцентот го стави на отстранувањето на дивите депонии, на број 120 кои се целосно отстранети, и за кои рече дека нема да бидат само исчистени, туку и најави и нивно системско решавање. Инспекциските служби ќе работат во три смени, со цел да превенираат, но и неселективно да казнуваат. Истакна дека градот е во подготовка на системко решение, следење со дрон, но и да се следи системски да не се креираат нови депонии, како и да се работи на дојави од граѓани, следење и да нема рецидив односно нивно повторно појавување.

Со ЈСП, градот работи на зачестеноста на линиите на претпријатието во населби каде што се тие многу ретки, воведување на нов линиски ред и враќање на ноќните линии.

Како што истакна Арсовска во подготовка е првата етапа од воведувањето на бесплатниот јавен превоз, при што се прават анализи во самото претпријатие, но и како би можеле да се обезбедат донаторски средства за купување на новите 250 автобуси.

Тоа се донатори, гранд програма. Во првата етапа градот ќе се обиде да набави 150, а еден чини 300 илјади евра, и работи на це еге гас. Но како што вели Арсовска прво ќе има финансиска конструкција, па ќе се провери грантирањето. По Новата година првите категории граѓани ќе може да го користат бесплатен јавен превоз.

За моменталниот возен парк на ЈСП, таа истакна дека 33 од новите МАН автобуси не се во функција, односно 30% од новите автобуси не се сервисирани.

Зборуваше за големиот долг на Град Скопје, поради нереализирани прокети и не искористени и вратени кредити, таа истака дека 50 милиони евра е вкупниот долг на градот, поради неенаменски трошења на парите од градската каса.

„Јас сум предмет на закани, од луѓе кои што мислат дека ќе се заканат ќе извршат притисок, некој кој што сака да биде направено тука и да бидат имплементирани и да бидат минувани нивните криминали или оние работи кои што ги правеле изминатите години“, рече Арсовска.

Мостот АСНОМ во општина Аеродром кој беше проект на претходниот градоначалник, нема услови да биде допраен вели актуелната градоначалничка, бидејќи тоа е проект кој би траел со години порадни не решени имотно правни проблеми, кои прво ги имаат граѓаните помеѓу себе, а потоа и градот кој би требало да ги решава. Според Арсовска прво треба решавање на имотно правните проблеми, потоа да се распише тендер, па да почне да се гради. Таа истакна дека мостот АСНОМ е мост за ловење риби.

На брифингот со новинарите и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присутни беа и ново назначените в.д директори на ЈП Дрисла, Јане Мицевски, в.д директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов и в.д директорот на ЈСП, Иван Илиевски.