Започна реконструкцијата на спортската сала во ООУ Никола Карев. Проектот чини 9 милиони денари и е финансиран од Министерството за образование и наука.

Проектот опфаќа реновирање на салата, реновирање на тоалетите и промена на целата корвна конструкција. Тоа ќе значи подобри услови за физичко образование и спорт на учениците и надминување на проблемите предизвикани од старата кровна конструкција.

Училиштето ќе добие реновирана сала со соодветни тоалети и променета кровна конструкција која ќе значи крај на проблемите,“ напиша градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски на социјалните мрежи.

Покрај овој проект реновирањето на подрачното училиште во Борино е уште еден проект што се спроведува во образованието.