Одрон на карпи предизвикан поради непрекинатите врнежи во текот на викендот затвори дел од пешачката патека во Штип, под Исарот.

Граѓаните додека не се среди ситуацијата, ќе можат да се движат само до делот каде се наоѓаат справите за вежбање, а од таму до почетокот на патеката во Ново Село приодот ќе биде забранет поради можност од нови одрони.

– Во првата прилика кога стручни лица (геолози)  ќе кажат дека патеката односно местото каде што е одронот не е опасно за работење, со посебна машина ќе се обидеме да ги срушиме карпите кои се надвиснати со цел да ја ослободиме патеката за движење, вели директорот на ЈП Стипион, Игор Ефремов.

Одронот се случил синоќа околу 22 часот.