Буџетот и предлозите за новите управи на општинските институции пред Советот на Гевгелија

За во понеделник, 6 декември, Советот на Општина Гевгелија ја закажа третата седницана која ќе расправа за Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија во 2022 година. Како што е најавено,  општинскиот Буџет за идната година ќе биде донесен во две фази, односно по донесувањето на Нацрт-Буџетот од страна на Советот на Општината, овој значаен документ ќе се најде на јавна расправа, за да до крајот на годината повторно се најде пред советниците, како предлог, за конечно донесување.

На оваа седница на Советот на Општина Гевгелија, на дневен ред се и разрешувања на досегашните членови поради истечениот мандат и именувања на нови членови во Училишните одбори, како и во Управните одбори во Јавното комунално претпријатие и во локалните Јавни установи.

На третата седница, Советот ќе расправа за ЛОД методологијата – група документи и алатки за транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации во рамките на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2)- УНДП, што заеднички го спроведуваат Општина Гевгелија и УНДП. Исто така, советниците ќе расправаат и за Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“ во изминатото деветмесечје.