(ВИДЕО) Б40 мрежа – Иницијативата на 40 градови го обедини целиот Балкан

„Имаме вистинска можност да се обединиме околу една важна иницијатива, иницијатива на 40 градови која го обедини целиот Балкан“, ова го истакна актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска на основањето на Б40 мрежата на градови од Балканот, кој се одржа во Истанбул, Турција.

Таа додаде дека станува збор за важна иницијатива која за првпат ги обединува балканските градови на една уникатна платформа.

– Верувам дека со оваа иницијатива ќе успееме да покажеме дека можеме да соработуваме, дека можеме да си помагаме и дека можеме да овозможиме раст и развој за нашите градови и за нашите граѓани. Одовде, од Истанбул, да почнеме да градиме мостови на пријателство, соработка и солидарност и да покажеме дека можеме да бидеме успешни доколку овие иницијативи ги реализираме заедно – нагласи Арсовска.

Целосното обраќање на Арсовска може да го погледнете во продолжение: