Познат македонски драматург Васил Иљовски, ќе добие спомен соба во родното Крушево. Одлуката е донесена на седница на Советот, минатата недела.

Спомен собата ќе биде сместена во Горната училишна зграда.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски е во комуникација со семејството на познатиот драматург од Крушево и врз основа на таа комуникација лични предмети од Иљоски се отстапени на општина Крушево.

Васил Иљоски е познат драматург, писател и есеист чии дела се меѓу првите на македонски дијалект. Тој е роден во Крушево во 1902-ра година, а оспособување на спомен соба е со цел да се означи и зачува неговото наследство.

„Ова е еден мал гест кон Васил Иљоски. Овој крушевчанец остави многу дела и со својот живот остави траен печат. Отварањето на спомен собата е добар почеток за зачувување и промоција на ликот и делото на Иљоски“, изјави претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски.

Просторијата, според одлуката, ќе биде управувана од страна на Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ со асистенција на Здружение за угостителство и туризам и здружение „Хумани односи“.