Граѓаните на Куманово можат онлајн да ја следат урбанистичката документација

Надграден е Географско  – информациски систем (ГИС), што беше воведен во септември минатата година. Додадени се три нови модули, со што е овозможено да биде достапна целата урбанистичка документација на територија на Општина Куманово онлајн.

Раководителката на Секторот за урбанизам Емилија Сларидис, објасни дека системот е целосно транспарентен и дава можност за вклучување на граѓаните.

Секој заинтересиран граѓанин на веб страната на Општина Куманово преку веб апликацијата ГИС, ќе може да се регистрира со свое корисничко име и емаил адреса и да внесе одредени точки на интерес во подрачјата кои го интересираат. За новите три модули неделава беше организирана и обука за вработените во Секторот за урбанизам при Општина Куманово, од страна на компанијата ИНЦ Системи ДООЕЛ Скопје, кои се креатори на оваа софтверско решение.